Skip to main content

Лишен од слобода возач во Македонска Каменица, управувал возило под дејство на алкохол

Фото: МВР

Денеска (22.06.23025) во 02.53 часот во Македонска Каменица, полициски службеници од Полициското одделение Македонска Каменица го лишиле од слобода Ј.А.(54) од село Дулица, општина Македонска Каменица. При контрола во патниот сообраќај на ул.„Церска“ во Македонска Каменица, полициските службеници сопреле патничко возило „лада нива“ со регистарски ознаки од Македонска Каменица, кое го управувал и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,87 промили алкохол во организмот, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување на моторно возило“.

Поврзани вести