
Војната на Израел со Иран го чини Израел стотици милиони долари дневно, главно поради ракетната одбрана, воздушните операции и штетите во инфраструктурата, пишува „Волстрит џурнал“.
Изданието анализира дека само ракетите-пресретнувачи може да чинат до 200 милиони долари дневно, додека обновата на уништените згради се проценува на 400 милиони долари.
Економистите проценуваат дека едномесечната војна би можела да достигне 12 милијарди долари.