
И три месеци по трагедијата во Кочани, не застанува нејзината злоупотреба од страна на СДСМ. Некрофилски, како што и многупати досега сме сведочеле од нив преку злоупотребата на случаите на масакрот кај Смиловско Езеро, малата Тамара, на Никола Младенов, Мартин Нешковски…, така и овајпат „ја цедат“ трагедијата во Кочани само за да извлечат некаква дневно политичка корист на сметка на толку многу зацрнети фамилии и цел еден град.
Од СДСМ постојано тврдат дека нешто се крие или таи во истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“ иако досега е поднесено обвинение против 34 физички и три правни лица. Уапсени беа и дузина полициски началници, активни и поранешни функционери.
Иронично, е дека токму оние по кои плукаат, посебно обвинителот, е избран и гласан токму од нив.
Како сега што лаже Венко Филипче за Кочани, Заев лажеше дека ја знае и ќе ја каже вистината за убиството кај Смилковско Езеро. Дојде на власт, кажа дека не ја знае. Заев и СДС лажеа дека ќе ја обелоденат причината за смртта на Младенов, излажаа. СДС говореше и за Диво Насеље, и за тоа излажаа, потсети денеска Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ.
Кога дојдоа на власт, не само што не открија некоја нова вистина за ниту еден случај, туку и за трагедиите кои им се случија во тек на мандат секогаш за виновен наоѓаа кабел, кочници или некој друг предмет од домаќинството или механиката.
Имено, Венко Филипче наместо да одговара за 14 загинати во Тетовската модуларна болница, жртвуваше двајца директори, кои патем негодувале со Филипче кога се отворала болницата.

Овие дневни политички изјави на партија со рејтинг на статистичка грешка кулминираа вчера со неандерталскиот испад на нивниот коалиционен партнер, кој тргна да се тепа со колега од советот и тешко повреди правничка.
Во недостиг на план не само за престојните локални, туку и за сите избори кои следат по нив, наместо внатрешни реформи во партијата и работа на програма, СДСМ продолжуваат со деструктивниот однос со кој владееја.