
Американското телевизко шоу „Дејли шоу“ (The Daily Show), во коешто на сатиричен начин се коментираат случувањата во САД и ширум светот, објави компилација од изјавите на израелскит премиер Бенјамин Нетанјаху, дадени во текот на изминативе триесетина години дека „Иран е на неколку недели од тоа да направи атомска бомба“.
Тоа тврдење на Нетанјаху е и најголемиот аргумент што Израел го користи за да ги оправда масовните удари врз Иран.