
Познатата руска астрологка Ангела Перл порачува: „Ова лето, ѕвездите не ви шепотат – тие викаат. Слободата на телото е почеток на слободата на душата.“
Овен
Ова лето сте како оган – жешки, нескротливи и ненаситни. Во јули, влегувате во фаза на сурова страст, а една средба одеднаш може да стане огномет под чаршафите. Август ви ја носи еротската моќ да заведувате со погледот – користете ја мудро. Само внимавајте да не изгорите премногу брзо.
Летна еротска прогноза: Непроспиени ноќи. Воздивнувања во ритамот на Марс.
Бик
Вие сте луксуз што може да се почувствува под прстите – мека свила, мирис на кожа, воздишка што се задржува на усните. Летото ви носи подлабока врска преку допир и вид. Ако сте зафатени, вашиот партнер нема да знае што го снашло. Ако сте слободни – некој ви го подготвува хедонистичкиот викенд од вашите соништа.
Летна еротска прогноза: Задоволство во секој аспект. Време е за телесни гозби.
Близнаци
Ќе се расправате, ќе заведувате со зборови, а потоа… одеднаш ќе се претворите во најжешкиот љубовник. Флертувањето ви доаѓа природно, а ѕвездите ви даваат дополнителна доза на шарм. Дозволете си да бидете палави – летото е вашата сцена за игри што ги преминуваат границите.
Летна еротска прогноза: Еден кревет? Досадно. Три локации во една ноќ – сега зборуваме сериозно.
Рак
Вашата емоционалност оваа сезона станува ваш најсилен афродизијак. Жешките ноќи носат нежни тела и подлабоки врски. Не барајте секс – барајте екстаза преку допир на душите. Кога ќе се препуштите – сфаќате дека сте меѓу најстраствените љубовници во Зодијакот.
Летна еротска прогноза: Солзи од задоволство. Допири што остануваат врежани засекогаш.
Лав
Вие сте сонцето што гори на кожата на другите. Во лето, вашата харизма ги паѓа на задник – и мажите и жените. Каде и да се појавите, се пали похота. Ќе бидете заведени само ако го дозволите тоа. И кога ќе возвратите – вашиот лавовски рик ќе се чуе дури и зад затворени врати.
Летна еротска прогноза: Доминација. Оган. Игра на моќ под Месечината.
Девица
Сите мислат дека сте повлечени, но летото ја открива вашата тајна – во вас се крие еротски вулкан. Вашата сензуалност е рафинирана, но експлозивна. Очекувајте „случајно познанство“ кое се претвора во „не можам да ти одолеам“. Ослободете се – заслужувате дива ноќ.
Летна еротска прогноза: Тивко, но опасно. Најголемите изненадувања пристигнуваат без многу зборовување.
Вага
Заведувате без напор – само со поглед, насмевка, кревање на рамената. Ова лето ви дава можност да бидете нечиј најсладок грев. Особено во август, вашата Венера експлодира во потреби – емоционални, сензуални, физички. Дајте си дозвола да не размислувате – туку да чувствувате.
Летна еротска прогноза: Совршенство на телото во прегратка на душата. Хармонија во страста.
Скорпија
Вие сте еротскиот крал/кралица на Зодијакот. Ова лето, вашиот внатрешен ѕвер се буди. Ќе бидете магнет за тајни афери, забранети состаноци и незаборавни ноќи. Но знајте: ако некој ве предаде, нема да остане неказнето. Вашата моќ е во контролата – и нејзиното губење во вистинскиот момент.
Летна еротска прогноза: Темнина. Страст. Трансформација преку пот и воздишки.
Стрелец
Патувања, авантури, секс на места за кои другите само сонуваат – тоа е вашиот летен план. Без срам, без ограничувања. Една средба со непозната личност може да се претвори во ноќ полна со инстинкти и филозофија на телото. Само бидете внимателни – вашата немирност може да стане зависност.
Летна еротска прогноза: Немате дом – но имате тела што ве паметат.
Јарец
Се однесувате ладно? Само на површината. Кога ќе се предадете, нема ограничување на вашата похота. Летото носи искушенија на работното место, во кругот на пријателите… каде што најмалку ги очекувате. Вашата самодоверба е афродизијак – а сексот со вас е лекција што не може да се заборави.
Летна еротска прогноза: Моќ, пот и контрола – врзани во свила.
Водолија
Експерименти, слобода, табуа – тоа е вашето омилено летно мени. Вашата сексуална енергија флуктуира оваа сезона – но кога функционира, го претворате вашиот кревет во универзум на откритија. Вашите партнери нема да знаат што ги погодило – тие само ќе сакаат повеќе.
Летна еротска прогноза: Ништо „нормално“. Само незаборавно.
Риба
Вашите фантазии можат да станат реалност ова лето. Дозволете си да сонувате – но и да се потопите во реалниот свет на допирите. Дозволете водата да ве води – туш, море, дожд. Водата е вашето царство, а вашата љубов е терапевтска и заводлива.
Летна еротска прогноза: Заводничка на соништата. Љубов во капки.