Skip to main content

Лимани: Повикот за доделување на Награда за младинско учество е отворен – младите и младинските организации може да аплицираат до 30 јуни

Во соработка со Националниот младински совет на Македонија, официјално го објавуваме Повикот за Наградата за младинско учество за 2025 година, извести МТСП.

Се вреднуваат сите активности, иницијативи, акции или идеи кои се реализирани од јуни 2023 до мај 2025 година, во три категории:

•             1,000 евра за индивидуална категорија (млади на возраст од 15 до 29 години, кои спровеле иницијатива со општествена вредност,

•             3,000 евра за не-формални групи на млади (најмалку 3 лица), кои здружено реализирале соработнички проекти,

•             3,000 евра за младински организации, организации за млади и чадор-организации кои континуирано работат со млади.

Оваа награда не е само финансиски поттик – таа претставува јавна форма на признание и институционално вреднување за сите оние млади кои не остануваат пасивни, туку избираат да се вклучат, да дејствуваат и да направат промена.

Тоа е повик што државата го упатува на младината со порака:

– ” ве гледаме, ве слушаме и ве поддржуваме” !

Рокот за аплицирање е до 30 јуни 2025 година, и ве охрабрувам:

Аплицирајте !

Номинирајте пријател, група или организација !

Споделете ја вашата успешна приказна ! Зашто на нашата земја ѝ требаат повеќе позитивни примери – а ние цврсто веруваме дека најдобрите примери се токму меѓу нашата младина !

Повеќе информации околу повикот имате на веб страната на министерството !

Посакувам успех на сите !

Линк до видео : https://youtu.be/eweDxcjpFQs

За условите и критериумите за Наградата за младинско учество повеќе детали на следниот линк: https://www.mtsp.gov.mk/content/pdf/2025/mladi_oglasi/nagrada_mladinsko_ucestvo.pdf

Поднесувањето на вашата номинација можете да го направите на следниот линк:

НОМИНАЦИЈА ЗА НАГРАДА ЗА МЛАДИНСКО УЧЕСТВО 2025, вели министерот Лимани.

Поврзани вести