
НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид во рамките на проектот „Трета годишна средба на роднокрајни автори“ дел од програмата за работа на установата а финансиран од страна на Министерството за култура и туризам утре (среда) со почеток вод 11 часот во Прличевата одаја ќе го промовира Алманахот „По стапките на Прличев“
Книгата е плод на отворената соработка на Библиотеката со поетите и писателите од Охрид и околината, со дел од оние кои живеат надвор од него, до Австралија.
Годинава одбележуваме 80 години од стандардизацијата на македонскиот јазик и 195 години од раѓањето на Прличев. И на овој начин библиотеката го слави нашиот убав и милозвучен македонски јазик. Стиховите и прозата од вкупно 34 автори кои се вклучија во Проектот ја слават книжевната душа на нашиот град, вели носител на проектот и уредник на книгата м-р Милчо Јованоски, виш библиотекар.