
Овошјето дава убавина и сила, потенцираше нутриционистот д-р Петар Боровиќ, кој во емисијата „Утро“ на ТВ Прва, зборуваше за исхраната во текот на летните месеци и даде голем број корисни совети за тоа како да се зачува здравјето и да се подобри изгледот со правилна исхрана.
Овошјето се вари од 18 до 22 минути. Ако сакаме максимално да ги искористиме неговите вредности, ќе пиеме вода и ќе го изедеме овошјето добро измиено. Сè што се купува на пазар мора да се потопува 7 до 10 минути во топла вода, дури и малку посолена. Тогаш сме сигурни дека сме зеле безбедна храна, особено поради пестицидите. Нема да има напнат стомак. Дали знаете дека 56.000 луѓе имале срцев удар и починале поради погрешен начин на живот, прашува тој.
Од овошје во овој период ги издвојува јагодите, бидејќи како што вели имаат ликопен, штитат од рак на дојка, рак на простата, даваат прекрасен тен, ги избелуваат забите.
Пристигнаа кајсиите, тие се одлични. Ако сакате да добиете убава боја кога одите на море, треба да јадете моркови, диња, кајсии и, за бојата да трае што е можно подолго, ладно цедено маслиново масло и 25 проценти сок од лимон. Измешајте и нанесете и на кожата и на косата. Римјанките имале многу убава коса бидејќи ја мачкале со маслиново масло. Оставете ја оваа мешавина на кожата половина час за бојата да се фиксира и кожата да се нахрани. Многу го препорачуваме маслиновото масло во текот на летото, за да се намалат проблемите со срцето и мозокот, но тоа има и вакви корисни својства, истакнува д-р Боровиќ.