
Со силното мото „Заедно можеме, заедно сме посилни!“, денес, на 14 јуни 2025 година, во амфитеатарот на Медицинскиот факултет во Скопје, успешно се одржа првата секција наменета за медицински сестри и техничари од областа на нефрологија, дијализа и трансплантација.

Настанот се одвиваше под покровителство на Универзитетската клиника за нефрологија, секција на медицински сестри во нефрологија дијализа и трансплантација и во соработка со сите дијализни центри низ земјата: Диаверум, Д.МЕД и Нефроплус.

Оваа значајна средба имаше за цел размена на знаење, искуство и новитети, фокусирана кон унапредување на квалитетот на живот на пациентите, но и кон професионален развој, мотивација и поддршка на медицинскиот персонал. Медицинските сестри и техничари беа едногласни во ставот дека вакви настани се потребни и дека ќе продолжат да се организираат во иднина – во уште поголеми размери.
Присутните истакнаа дека ова не е само стручен настан, туку и поттик за заедништво, напредок и мотивација. Преку споделување на практични искуства и иновативни пристапи, се трасира патот кон поефикасно справување со предизвиците во нефролошката пракса.

Грижата за пациентот започнува токму од нас – обединети, подготвени и посилни од кога било,“ беше една од пораките што најгласно одекна во текот на денот.
Настанот претставува важен чекор напред во унапредувањето на сестринството и нефролошката пракса во Република Македонија.