
Пред само неколку дена, на нашата прва прес-конференција од 3 јуни, ја повикавме градоначалничката Данела Арсовска конечно да каже кој е вистинскиот сопственик на огромната дивоизградена зграда во Сарај и зошто Град Скопје не презема ништо против урбаната империја на нејзиниот пријател Блерим Беџети, велат од „Вреди“.
Од коалицијата додаваат дека наместо одговор – добиле молк. Порди тоа, како што велат, ѝ се обраќаат повторно, со нови факти што го прават нејзиното молчење уште поосомничено.
Г-ѓо Арсовска, не се огласи ниту со збор: Дали госпоѓо Арсовска штитите приватен интерес или личен – поврзан со Беџети?
На кого сте дале заклетва за работа: на граѓаните на Скопје или на дивата бизнис-империја на вашиот близок пријател Блерим Беџети?
Тишината ве претвора во соучесник. Ние знаеме дека сте, ама вака дознаваат и граѓаните.
Пет конкретни точки што бараат јасен одговор од вас Новите документи покажуваат дека:
Изводот од урбанистички план (19.09.2022) веќе е оспорен. Дали постои државна постапка за негово поништување, дали е поништен и зошто Град Скопје не се приклучил?Инспекциската контрола е направена. Кој е записникот, кој е инспекторот, а кој го чува во фиока? Од што се плашите?
Одобрението за градба морало да биде поништено веднаш по поништувањето на изводот. Дали Општина Сарај и Град Скопје тоа го сториле – или некој притиска да се продолжи градбата?Изведувачот останал без лиценца. Како е можно нелиценцирана фирма да продолжи да ѕида без реакција од градските служби?
Катастарот е известен за незаконски упис. Дали е избришан тој упис – или си молчите за да стане објектот „факт на терен“?“, се наведува во реакцијата на „Вреди“.
Оттаму додаваат дека овие пет точки не се нова листа барања, туку тие се логично продолжение на прашањата што веќе ги поставиле. Од „Вреди“ и порачуваат на Арсовска дека нејзиниот одговор – или одбивањето да одговори – ќе покаже дали е градоначалничка што го брани јавниот интерес или адвокат на приватен бизнис-картел.
Нашето јасно барање
Објавете ги сите документи – решенија, инспекциски записници, дописи со Катастар и со надлежните министерства – и образложете зошто цел апарат на Град Скопје молчи кога станува збор за Блерим Беџети.
Г-ѓо Арсовска, прашањето е едноставно: Што штитите, за кого работите и од што бегате? Колку подолго молчите, толку поочигледна е врската со дивата бизнис-империја во Сарај. ВЛЕН нема да отстапи додека институциите не постапат и јавноста не ги добие одговорите што ги заслужува“, се вели во реакцијата на „Вреди“.