Skip to main content

Успешно изведени две трансплантации на коска од починат дарител на Клиниката за ортопедски болести при ТОАРИЛУЦ

Министерство за здравство

На Клиниката за ортопедски болести при ТОАРИЛУЦ успешно се изведени две сложени трансплантации на коска од починати донори, со што продолжува примената на современи и високоспецијализирани медицински интервенции во областа на ортопедија и трауматологија во нашата земја.

Како што информира Министерството за здравство, во првиот случај е извршена операција на коскена циста кај 45-годишен пациент. Интервенцијата ја спровел стручен тим, во состав: проф. д-р Милан Самарџиски, доц. д-р Александар Трајановски, д-р Билјана Лазарова, специјализант по ортопедија, анестезиолог д-р Марина Темелковска, инструментарка с. Кристина Реџеп, помошник инструментар д-р Оливера Лазаревска, сестра анестетичар Гордана Захариева и болничарка Снежана Тодоровска.

Фото: Министерството за здравство

Втората трансплантација била изведена кај 65-годишна пациентка со дијагностициран гигантоцелуларен тумор на дисталниот дел од радиусот на десната подлактица. По претходно направена биопсија, како што се наведува, е заменето туморското ткиво со здраво коскено ткиво од донор. Интервенцијата ја водел специјалист ортопед и супспецијалист трауматолог д-р Резеарт Далипи, заедно со тимот: д-р Маја Неделковска, специјалист ортопед, д-р Симона Карапанџевска, специјализант по ортопедија, д-р Искра Шојлевска–Јовановска, специјализант по ортопедија, анестезиолог д-р Јадранка Зафировска, анестетичар Мерита Рамадани, инструментарка Оливера Лазаревска, помошна инструментарка Сања Тодоровска, радиолошки техничар Силвана Стојковска и болничар Сејнур Идриз.

Двете интервенции се реализирани во соработка со д-р Милена Богојевска Доксевска, болнички координатор за ортопедија и одговорна за ткивната банка.

Огромна благодарност до сите членови на тимовите вклучени во трансплантациите, како и до семејствата на донорите. Зајакнување на знаењата и вештините, следење на современите европски трендови и воведување нови методи во трансплантологијата, се нашиот постојан императив, истакна проф. д-р Билјана Кузмановска, национален координатор за трансплантација.

Поврзани вести