Skip to main content

Продолжува средбата на Мешовитата историска комисија во Скопје

МИА архива

Во Скопје денеска продолжува средбата на Заедничката комисија за историски и образовни прашања помеѓу Македонија и Бугарија. Теми на разговор се учебниците за 7 одделение во земјава, како и можноста за заедничко чествување на Гоце Делчев.

Ќе разговараме за учебниците за 7 одделение во Република Македонија и за можноста за заедничко чествување на Гоце Делчев, изјави вчера претседателот на бугарскиот дел од Комисијата Ангел Димитров.

Новиот состав на македонскиот тим од заедничката комисија беше избран од Владата на 10 септември 2024 година. Претседател на македонскиот тим во заедничката комисија е Ванчо Ѓорѓиев, професор на Филозофскиот факултет во Скопје, а покрај Митко Панов, членови во Комисијата се и Александар Литовски, Никола Минов, Сашо Додевски, Бесник Емини и Димитар Љоровски. Претседателот Ванчо Ѓорѓиев порано беше член на Комисијата, но ја напушти во 2021 година. Одлуката да се повлече од Комисијата, како што изјави тогаш, е бидејќи се соочил со политички притисоци во нејзината работа.

Заедничката македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања беше формирана како резултат на Договорот за добрососедство меѓу Македонија и Бугарија потпишан на 1 август 2017 година.

Досега комисијата усвои препораки за заедничко чествување на пет историски личности – Светите браќа Кирил и Методиј, Св. Наум Охридски, Св. Климент Охридски и Цар Самоил и по пет препораки за измени во учебниците по историја за шесто оделение во Македонија и за пети клас во Бугарија.

Поврзани вести