Министерството за социјална политика, демографија и млади и Амбасадата на Народна Република Кина во Република Македонија, претставувани од министерот Фатмир Лимани и амбасадорот Су Леј денеска потпишаа Договор за донација.
Со Договорот, Република Кина во духот на почитување на општествената одговорност и со цел остварување, унапредување и поддршка на дејности од јавен интерес кои ги извршува Министерството за социјална политика, демографија и млади донира сензорни соби во вкупна вредност од 1.310.000,00 денари со вклучен ДДВ, за деца и лица со попреченост.
Потпишувањето на денешниот Договор е уште една потврда за огромната поддршка која Република Кина и ја дава на Македонија и потврда за долгогодишното пријателство кое го негуваат двете земји.
Двете страни изразија задоволство од досегашната соработка и поддршка и се согласија дека истата ќе продолжи и понатаму.