
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски во 18 часот и 30 минути ќе се обрати на 34. годишна конференција на партиската Унија на млади сили (УМС) што ќе се одржи попладнево во Велес.
Конференцијата е под мотото „34 години постоиме за младите“, а на неа, покрај Мицкоски, ќе зборува и претседателот на УМС Сергеј Попов.
Конференцијата ќе се одржи на платото под Костурницата.