
Пет дена презентираме сознанија за вистината за Модуларната болница, кои до нас дојдоа од свиркачи, а според информациите кои ние ги поседуваме истите ги поседува и ЈО. Провизии кои чинат животи е афера која до срж го открива Венко Филипче и неговата вина за пожарот во Модуларната болница, изјави денеска пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски.
Тој ги повтори сознанија кои ги објавија:
- Венко Филипче дозволил изградба на модуларни болници без огноотпорни материјали.
- Венко Филипче лично ја правел спецификацијата за изградба на Модуларната болница во Тетово, која надвор од закон и правила ја доставил до одговорната за набавката, а за ова постои и сведоштво од одговорното лице.
- Директорот на Болницата во Тетово одбивал да ја прими Модуларната болница и да се пушти во работа истата.
- Венко Филипче ден по несреќата кога цела Македонија тагувала, побрзал да го анексира договорот за градба со цел да се отстранат аномалиите кои сам ги дозволил.
- Анексот кој експресно го спремил е зголемување за 20% на цената на чинење на проектот. Сомнително е како Филипче ден по несреќата наместо да мисли за одговорност мислел како да извлече 20% повеќе.
- Вработени во Министерството за здравство по заминувањето на Венко Филипче одбивале да ги потпишат документите за штетните договори и анекси.
На крај изјави:
Го повикуваме ЈО, да не се осмелува да го штити Венко Филипче и да отвори истрага за него. Аферата „Провизии кои чинат животи” не смее да остане заташкана.