
Вчера во 19.45 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Идризово, скопско, по претходно недоразбирање во сообраќајот, нарушен е јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Х.Ш.(19), М.Ш.(24), С.Ш.(49) и еден малолетник, од една страна и А.Р.(30) и М.Р.(58) од друга страна, сите од с.Идризово, при што се употребени и тврди предмети.
По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, велат од МВР.