
Агенцијата за иселеништво ги одржа третите по ред „Литературни средби“ на кои се промовираа делата и писателите кои творат и живеат во странство. За активно учество на средбата се пријавија писатели од иселеништво и од Македонија, со цел вмрежување, размена на искуства и дискусии околу предизвиците со кои се среќаваат во средините каде живеат и работат.
Поздравно обраќање имаа директорот на Агенцијата за иселеништво, Горан Ангелов и претседателот на друштвото на писателите Живко Гроздраноски, кои им посакаа топло добредојде и успешна средба, со желби манифестацијата да добие традиционален карактер и да прерасне во заеднички проект.
Се претставија следните учесници, писатели од иселеништво: – Зоран Карапанчев и Весна Карапетрова од Канада, Емилија Тодорова, Владо Јаневски, Нове Младеновски и Оливера Јовановска од Австралија, Светлана Далевска од Германија, Ана Илијоска Богиќ и Искра Пенева од Србија, Мирјана Мајиќ од Хрватска, Марјан Смоларски од Швајцарија и Лилјана Стоилковска, Александра Велинова, Митко Гогов и Ставре Џиков, од Македонија.
На настанот директорот Ангелов на писателот Владо Јаневски од Сиднеј му ја врачи наградата ,,Стојан Христов”за најдобра книга поезија која Агенцијата ја доделува при Струшките вечери на поезијата, а Јаневски ја доби во август, 2024 г. Настанот го водеше Билјана Костова