
Заедничкиот комитет за следење на ИПА – 3 програмата за прекугранична соработка меѓу Македонија и Албанија денеска одржа онјан состанок, објави весникот „Илинден”.
На состанокот присуствуваа претставници од албанската национална власт, Министерството за локална самоуправа на Македонија, делегациите на ЕУ, како и од албанските и македонските институции.
Состанокот послужи како важен чекор во управувањето со програмата, каде што членовите на Комитетот ја разгледаа и дадоа советодавни мислења за оперативната листа предложена за финансирање од ЕУ, во рамките на последниот повик“, наведува весникот.
Дискусиите се фокусирале на влијателни прекугранични проекти усогласени со главните цели на програмата, вклучувајќи проекти насочени кон развој на одржлив туризам, промовирање на локалните економии, еко-туризам, како и подобрување на културната и природната инфраструктура во прекуграничната област.
Исто така станало збор и за проекти кои ги зајакнуваат капацитетите за заштита на животната средина, со цел подобрување на јавните услуги за одговор при итни случаи и одржливо управување со ризик во оддалечените прекугранични области.
Комитетот го отвори патот за објавување нов повик за предлози, потврдувајќи ја посветеноста на програмата за финансирање иницијативи кои промовираат регионална соработка, одржлив развој и посилни прекугранични партнерства