Skip to main content
Д-Р АМИНА ШЕТА, ИНТЕРНИСТ, ДИЈАБЕТОЛОГ, НУТРИЦИОНИСТ И ДОКТОР ПО МЕДИЦИНСКИ НАУКИ ОД ОБЛАСТА НА ЕНДОКРИНИЛОГИЈАТА

Не е проблем тоа што го јадеме, туку видот и квалитетот на храната што сега ја имаме

Како со храната да дојдеме до среќата? Ова е тема која е исклучително актуелна во овој момент и за неа говореше д-р Амина Шета, интернист, дијабетолог, нутриционист и доктор по медицински науки од областа на еднокринолоигијата на првата регионална Баланс конференција која се одржа во Сараево на која учествуваа бројни стручни лица од областа на здравството, психологијата, нутриционизмот, личниот развој и одржливиот начин на живот.

Конференцијата, поддржана од Бимилк, беше посветена на создање рамнотежа во секојдневниот живот низ знаење, искуство и инспирација на искусните говорници.

Д-р Шета повеќе од една деценија е посветена на истражување и практична работа во областа на хроничните болести, со посебен фокус на метаболичките пореметувања, обезност и дијабетес. Таа е една од двајцата доктори во Босна и Херцеговина која има сертификат од Светската федерација за обезност, меѓународно признат стандард во превенција и управување со дебелина.

Таа говореше за тоа како одредени видови на храна ја поттикнуваат самодовербата, доброто расположение и балансот во цревата. Според неа, исхраната може да биде моќна алатка за подобро ментално здравје и емоционална рамнотежа. Јадењето безвредна храна предвреме го старее организмот и е причина за се поголема појава на автоимуни и хроночни болести.

Патот до среќата навистина почнува од она што го ставаме во нашиот сендвич, вели д-р Шета.

Многу истражувања покажуваат дека многу намирници поттикнуваат развој на самодовербата, го намалуваат стресот и поттикнуваат развој на мозокот, ја намалуваат анксиозноста. Серотонин е хормон на среќата. 90 отсто од овој хормнот се лачи во цревата, а не во мозокот и она што го јадеме директно влијае на нивото на серотонин, а посредно влијае на нашето расположение, сон и чувството на задоволство. Денешното модерно општество се наоѓа во голем проблем. Конзумираме исклучиво преработена храна, вештачки растена, која е прскана дури и 20 пати додека созрева. Голем дел од храната ни е достапна во текот на целата година. Најчесто ги јадеме само вкусните делови од храната, не ја јадеме целата. Ова се случува со години. Во 1950 година, што се однесува на американската прехранбена индустрија, нивната Федерална агенција за храна и лекови (ФДА), одобри користење на естрогенски импланти во сточарската индустрија. Тие естрогенски импланти се ставаат во кожата, под увото на младите говеда за тие да пораснат, да се зголеми нивната маса и да се произведат и да се продава што е можно повеќе месо. Значи, наназад 75 години, барем што се однесува на Америка, месото што се конзумира е задоено со естрогени, прогестерони, тестостерини…така што не е чудо што денеска имаме голем број заболувања кои не постоеа во минатото, токму поради тоа што сме опркужени со многу неприродни процеси кои се случуваат во светот, вели д-р Шета.

Според неа, намирниците кои ги конзумираме, ја трошат нашата витална енергија.

Д-р Шета: Јадењето безвредна храна предвреме го старее организмот и е причина за се поголема појава на автоимуни и хроночни болести / фото: Маја В. Литовска

Нашата енергија во телото е толку оскудна по јадење безвредна храна, така што ни останува многу малку енергија за репарација на ткивото, многу малку енергија за имунолошкиот систем. Од таа причина, старееме побрзо и е поголема појавата на различни заболувања, вклучувајќи ги автоумините болести, хроничните заболувања, изјави д-р Шета.

Новите сознанија покажуваат дека генетски модифицираната храна е многу слична на дрогата.

Намирниците се креирани на тој начин што ги поттикнуваат нашите допамински рецептори во мозокот да имаме чувство на награда и желба за повторно користење. Тоа се вика ‘зависност од храна’. Многу намирници, посебно неквалитетните се креирани на тој начин што буквално го поттикнуваат нашиот мозок повторно да ги зима.

Освен што јадеме нездраво, секојдневно сме под стрес. И тој стрес некако ја пореметува рамнотежата на целиот организам. Кај здрав ментален организам, системите функционираат во рамнотежа. Меѓутоа, во состојба на некој стрес или депресија се случува пореметување на системот и се случува зголемено лачење на биомаркери на ниво на цревата, односно се случува пропуштање на цревата. Ова пореметување не е ограничено само во системот за варење, туку е поврзано и со мозокот. Ова е еден затворен круг. Значи, нашиот стрес влијае на нашите црева. А нашите пореметени црева враќаат негативни сигнали во мозокот. Значи пореметената микрофлора на цревата, влијае на нашета ментална состојба, вели д-р Шета.

Стресот на телото влијае акутно и тоа се манифестира со покачен крвен притисок и пулс и некои долгорочни реакции.
Коритизолот, освен што го пореметува лачењето на останатите хормони, како што се хормоните на штитната жлезда и половите хормони, влијае на метабилозмот на шеќерот и на мастите во организмот.

Зборував за користењето на хормони во месото во САД, но навистина не знам каква е ситуацијата кај нас и во Европа. Но, мора да се истакне дека децата од мали користат месо. Не е проблемот во месото како месо. Проблем е затоа што месото вештачки е надоено со хормони и затоа кај девојчињата порано се јавува пубертетот. Еден од најчестите карциноми кај жените е рак на дојката. Значи, не е проблем тоа што го јадеме, туку видот и квалитетот на храната што сега ја имаме, подвлекува д-р Шета.

Како храната да ни биде лек, а да не биде отров за нашиот организам и за нашиот ум? Д-р Шета објаснува дека во последно време има многу истражувања за тоа како храната влијае на нашата ментална состојба.

Новите студии на некои еминентни академски установи како „Харвард“ и „Јеил“ истражувале како храната влијае на некои симптоми на депресија, анксиозност и слично. Исто така, анализирани се и некои други карактеристики како квалитет на животот, квалитет на сон, оптимизам, самоефикасност, креативност. Она што било заклучено е дека големиот внес на овошје и зеленчук, посебно некои подгрупи како што се малини, капини, боровинки и цитрусни плодови, како и зелен лисест зеленчук се покажало дека го зголемуваат чувството на оптимизам и самоефикасност, а го намалува нивото на депресија во организмот. Така што навистина може да се каже дека со храната може да се дојде до среќата.

Д-р Шета: Она што го јадеме влијае на нашето расположение, сон и чувство на задоволство / фото: Република

Како е тоа во пракса?

Постојат некои различни витамини, минерали и аминокиселни кои навистина го поттикнуваат процесот во нашиот организам да предизвика чувството на среќа. Триптофанот помага во лачењето на серотонин. Тој се наоѓа во јајцата, семките, во рибата. Омега 3 масните киселини го подобруваат расположението и ја намалуваат депресијата. Нив ги има во масните риби како што е лососот на пример. Магнезиумот помага во релаксација, го смирува нервниот систем, ја намалува анксиозноста и се наоѓа во зелениот лисест зеленчук, во јаткастите плодови. Многу видови овошје и зеленчук се богати со витамин Б, посебно Б12 и фолна киселина.

Стабилен шеќер во крвта значи стабилно расположение. Ако го превенираме падот на шеќерот во крвта, тоа значи превенираме раздразливост, пад на концентрацијата. Исклучок е медот, кој содржи глуктоза и фруктоза кои ни даваат чувство на сила и енергија, но без пад на шеќерот. Добро е да се користи локален мед бидејќи ги намалува симптомите на алергија и содржи мали количини на локален полен. Постојат и други бенефити зошто локалниот мед е подобар од индустрискиот, вели д-р Шета.

Докторката по медицински науки во областа на еднокринологијата ја истакна важноста од користење на пребиотиците, кои се всушност влакна кои се хранат со пробиотичките бактерии. Тие работат во синтеза, во синергија едни со други. Затоа е важно со пробиотици, да се конзумираат пребиотици кои се наоѓаат во различно овошје и зеленчук. Ги има во бананите, доматите, печурките, во домашни супи.

Аналогијата со црната кутија која се наоѓа во авионите и микробиомата во нашите црева е многу интересна затоа што говори за комплексноста на информациите кои ги има нашиот микробиом. Секој од нас има свој микробиом и тој памти се што сме внеле во себе, од токсини, преку храна, до емоции. Микробиомот е важен не само за нашето ментално здравје, туку и за нашето физичко здравје. Повеќе од 70 отсто од имунитетот се наоѓа во нашите црева. Ако е пореметен микробиомот, тогаш нашиот имунитет паѓа. Освен варење на храната и апсорпција на нутритивите, во цревата се случува и синтеза на некои витамини. Пореметен микробиом придонесува за разој на некои модерни болести како што е дијабетес, кардиоваскуалрни болести, обезност. Со храната може да делуваме на повеќе начини. Кога јадеме храна богата со влакна, антиоксиданси, ензими, Омега 3 масни киселни, ферментирани производи, пробиотици, пребиотици, ние не ги негуваме само нашите црева, туку го негуваме и нашиот ум, заврши д-р Шета.

Поврзани вести