Skip to main content

Монако прв финалист на Евролига

Монако вечерва го победи Олимпијакос со 78:68 во полуфиналето од плејофот на Евролигата. Натпреварот се одржа во Абу Даби (ОАЕ).

Најдобар стрелец кај победниците беше Алфа Дијало со 22 поени, додека Мајк Џејмс имаше 17 поени, 7 скока и 7 асистенции. 

Најдобар стрелец на грчкиот клуб беше Еван Фурние, со 31 кош.

Монако во финалето ќе игра против Фенербахче. Олимпијакос ќе се соочи со Панатинаикос во натпреварот за третото место. И двата натпревари ќе се играат на 25 мај.

Поврзани вести