Skip to main content

САД размислуваат дали повторно да ги прогласат талибанците за странска терористичка организација

Фото: Freepik

Американскиот државен секретар Марко Рубио пред Комитетот за надворешни работи на Претставничкиот дом изјави дека администрацијата на претседателот Доналд Трамп размислува дали одново да ги стави талибанците на листата на странски терористички организации.

Конгресменот Тим ​​Бурчет го праша Рубио дали има планови за прекласифицирање на талибанците како терористичка организација. Американскиот државен секретар одговори дека таков процес е во тек.

Минатиот месец, Врховниот суд на Русија ги отстрани талибанците од списокот на забранети терористички организации во земјата, а специјалниот претставник на рускиот претседател за Авганистан изјави дека Москва ќе им помогне на талибанците во борбата против групата ИД во Авганистан. 

Поврзани вести