
Денеска заедно со претседателката Сиљановска – Давкова се обративме на промоцијата на Родовата самопроценка во одбраната и во Армијата и на Акцискиот план за родова еднаквост 2024 – 2028 година, напиша на својот фејсбук профил министерот за одбрана Владо Мисајловски.
За нас во одбраната, родовата еднаквост е вистинска вредност затоа што само на тој начин можеме да создадеме синергија и да го искористиме капацитетот и потенцијалот во зацврстувањето на безбедноста во развој на одбраната.
Родовата самопроценка покажа дека постои видлив напредок во зголемувањето на бројот на жените во одбраната и во Армијата. Но, ние не се бориме само за бројка – се бориме за квалитет. Се бориме вистинските професионалци, без оглед дали се жени или мажи да бидат почитувани и нивната работа да биде вреднувана.
Благодарност до Женевскиот центар за управување со безбедносниот сектор за нивната поддршка и до сите вработени во Министерството и припадници на Армијата кои се дел од овој процес.