
Во четврток (22 мај) во Националниот музеј Секели, во градот Сфанту Георге во Романија ќе се одржи сликарски перформанс на македонскиот сликар Сергеј Андреевски.
Целта на настапот е публиката да се доближи не само до светот на уметникот, туку и до неговата татковина, Македонија, а настанот е дел од низа активности со коишто Националниот музеј Секели годинава одбележува 150 години од формирањето.
Перформансот на Сергеј ќе биде музички придружуван од Миклош Деметер, познат етнограф и изработувач на музички инструменти.
Пред патувањето во Романија, Андреевски изјавува: „Исклучително голема е честа што сум поканет со свој авторски печат да дадам придонес кон одбележувањето на еден значаен јубилеј во Европа!“