Skip to main content

Слатки ѓевреци со цимет и чоколадо што ќе ви го разубават денот

Freepik

Циметот не само што е вкусен, туку е и богат со фенол, моќен антиоксиданс, кој е познат по тоа што го штити организмот од инфекции. Има силно противвоспалително и антигабично дејство. Поради полифенолот што го содржи, позитивно влијае врз намалувањето на шеќерот во крвта. Содржи калциум, магнезиум, фосфор, калиум и витамин А.

Па така, овие слатки ѓевреци со цимет се токму тоа што ви треба за среќен ден.

Состојки:
1/4 лажиче мелен цимет
1 лажица шеќер
140 г универзално брашно
2 лажички прашок за печиво
3/4 лажиче сол
240 г грчки јогурт
1 голема белка или цело јајце, изматено
1 лажица чоколадни трошки


Приготвување:
Најпрво, во помал сад измешајте цимет и шеќер и тргнете го на страна. Потоа, загрејте ја рерната на 190 степени Целзиусови. Обложете плех со хартија за печење. Во сад со средна големина измешајте брашно, прашок за печиво и сол, и добро промешајте.

Додајте јогурт и мешајте со виљушка или шпатула додека се соедини смесата – ќе изгледа како ситни трошки. Посипете брашно на работна површина и извадете го тестото од садот. Месете неколку пати, со околу 15 движења (не би требало да ви останува тесто на раката кога ќе го одвојувате), па поделете го на 4 еднакви топки.

Повторно посипете брашно на работна површина, па расучете го секое топче во ролна со дебелина од 1,2 см и должина од околу 18 см. Притиснете ја ролната, премачкајте ја со јајце, посипете ја секоја со 1/2 лажиче мешавина од цимет и шеќер и одозгора ставете нешто помалку од 1 лажиче чоколадни трошки.

Внимателно притиснете ги чоколадните парчиња во тестото, потоа спојте ги надворешните страни на ролната нагоре и преклопете преку филот. Спојте ги краевите за да формирате ѓевреци. Премачкајте ги врвовите на секој ѓеврек со прелив од јајца и посипете ја преостанатата мешавина од цимет и шеќер.

Печете ги на горната решетка во рерна, 25-28 минути, и превртете ги на половина од печењето. Оставете ги да се оладат најмалку 15 минути пред да ги пресечете.

Добар апетит!