Skip to main content

Народниот театар од Сињ, Хрватска гостува во Тетово со најновата хит комедија „Чистачки“

Народниот театар од Сињ (Хрватска) по втор пат доаѓа во Тетово, овај пат со најновата хит комедија „Чистачки“, на 16 мај (петок), во 19 часот во НУ ЦК „Иљо Антески – Смок“.

Влезот е слободен!

Хит-комедијата на Народниот театар од Сињ е за животот на жени кои одат на работа во Германија. Додека едната размислува да заработи пари, другата прави планови да добие германски документи, но треба да најде некој да ѝ помогне. Можеби Сека, или Бригита, или некој друг!?

Претставата е во режија на Жељко Вицулин, прославен театарски режисер. По мотивите на „Азиланти“ од Мирољуб Недовиќ, Бруно Гребенар го има напишано текстот за оваа претстава.

Поврзани вести