Skip to main content

Литературна вечер во Македонскиот КИЦ во Тирана со Наташа Сарџоска

Амбасада на Македонија во Тирана

Во македонскиот Културно информативен центар во Тирана, синоќа е одржана литературна вечер со поетесата, преведувач, есеист, професор и антрополог – Наташа Сарџоска.

Наташа е автор чии книги се преведени на повеќе од 25 јазици, меѓу кои и на албански. Со своето претставување преку интервју, разговор и прашања со публиката го донесе сјајот на македонската книжевност, објави Амбасада на РСМ.

Присутните ги поздрави вршителот на должноста амбасадор Љуфтим Спахиу, а интервјуто со писателката го водеше директорката на КИЦ Тирана – Ема Попивода.

Наташа прочита и дел од својата поезија на македонски јазик. Со голем емотивен набој, кој ја растрепери публиката превод од поезијата, на албански јазик, прочита познатата уметница Наташа Бега.

Поврзани вести