Skip to main content

Почина режисерот на „Крамер против Крамер“, оскаровецот Роберт Бентон

Принтскрин од видео

Американскиот режисер и сценарист Роберт Бентон, добитник на три Оскари, почина на 93-годишна возраст, објави агенцијата АФП, повикувајќи се на изјава од неговата адвокатка Хилари Бибикоф.

Бентон ќе остане запаметен како режисер на филмот „Крамер против Крамер“ (1979), кој стана симбол на интимниот пристап кон темата за развод и родителство. Филмот освои дури пет Оскари, вклучувајќи за најдобар филм, режисура и адаптиран сценарио, како и за најдобар актер (Дастин Хофман) и најдобра споредна актерка (Мерил Стрип).

Роден во Тексас, Бентон прво се проби во Холивуд како коавтор на сценариото за култниот филм „Бони и Клајд“ (1967), кој ја редефинираше американската кинематографија на крајот од 60-тите.

Покрај „Крамер против Крамер“, неговата богата кариера вклучува и признати филмови како „Places in the Heart“, за кој повторно освои Оскар за сценарио, потоа „The Late Show“ и „Nobody’s Fool“.

Поврзани вести