
Во општина Пустец, која е дел од изборна единица Корча, на вчерашното гласање на парламентарните избори, најголем број гласови освоил Васил Стерјовски, кој беше на кандидатската листа на Социјалситичката партија, но како кандидат на Макдонска алијаса за евопска интеграција.
-Во оваа единствена македонска општина, за кандидатската листа на Социјалистичката партија, на која се 10 кандидати, поддршка дале 1052 граѓани, а најголем број гласови доби Васил Стерјовски или 381 глас, додека веднаш зад него е Илириан Пендавињи со 238 гласови, објавија албанските медиуми.
Што се однесува до кандидатската листа на изборната коалиција „Алијаса за величествена Албанија“ предводена од Демократската партија гласале 460 граѓани од ова општина, а најмногу гласови или 98 добил Андреа Мано.
Бидејќи пребројувањето на гласовите на албанските избирачи од ова изборна единица е во тек, се уште не се знае дали Стерјовски го добил потребниот број гласови за да повторно стане дел од албанскиот законодавен дом. Тој е единствен кандидат македонец на отворените листи на овие избори, а пратеник беше во парлементот избран во 2017 година