
Попладнево непознат маж со нож се шеташе и закануваше по Широк Сокак во Битола. Ваквата ситуација на лице место била снимена од ТВ21, при што веднаш е пријавено во полиција од каде информираат дека лицето е приведено.
Лицето е пронајдено и приведено, се врши спровод до ПСОН Битола и се преземаат мерки за пронаоѓање на оружјето и оштетениот, велат од МВР.