Skip to main content

Дончиќ на рака има часовник од 80.000 евра и скршен Ајфон

Доаѓањето на НБА суперѕвездата Лука Дончиќ на финалниот натпревар од АБА 2 лигата помеѓу Илирија и Босна предизвика невидено внимание од кошаркарската јавност во целиот регион.

Лука дојде во „Тиволи“ за да го бодри клубот каде што неговиот татко Саша Дончиќ е спортски директор. Сепак, неговото присуство не ѝ помогна на Илирија, која загуби од Босна во вториот натпревар од финалната серија, па ќе мора да игра мајсторски во Сараево.

Доаѓањето на Лука предизвика поголемо внимание од самиот натпревар, фоторепортерите внимателно ја следеа секоја негова реакција за време на натпреварот, а еден интересен детаљ што се појави на фотографиите што ги преплавија социјалните мрежи привлече посебно внимание.

Скршен телефон и скап часовник

Лука беше фотографиран како го држи својот скршен iPhone, кој го фрли кога дозна за размената од Далас во Лос Анџелес Лејкерс. Иако заработува огромни милиони, Лука користи расипан телефон три месеци.

Интересно е што во исто време, на левата рака, тој носи часовник „Audemars Piguet Royal Oak Selfwinding“, кој чини повеќе од 80.000 евра.