
Светската здравствена организација (СЗО) проценува дека околу 5 милиони смртни случаи годишно би можеле целосно да се спречат со редовна поголема физичка активност. Постои високата преваленца на неактивност кај 30 отсто возраснии 80 отсто адолесценти низ светот, информираат во Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).
Вежбањето има значително влијание врз здравјето на нашето срце, телото и умот, придонесувајќи за спречување на кардиоваскуларни заболувања, рак и дијабетес, намалување на симптомите на депресија и анксиозност, а воедно обезбедува раст и развој кај младите луѓе. Сепак, 1 од 4 возрасни не ги исполнуваат препорачаните нивоа на физичка активност, пишува во извештајот на ИЈЗ.
Во него е наведено дека физичката неактивност предизвикува исто толку смртни случаи како и пушењето на годишно ниво, во светски рамки.
Време е да се промени фокусот на промоцијата на физичката активност: наместо да се таргетираат неактивните лица, време е да се насочи целото население кон повеќе движење. Императив е да се земе предвид контекстот во кој се одвива физичката активност и дали се практикува како неопходност или како избор, наведено е во извештајот на ИЈЗ.