Skip to main content

Режисерот Васил Христов во МНТ ги почнаа пробите за претставата со работен наслов „Кататонија“

Дени Ингилизовски / Режисерот Васил Христов со дел од екипата

Во Македонскиот народен театар (МНТ) почнаа пробите за претставата со работен наслов „Кататонија“, по мотиви на драмскиот текст на Алис Бирч, во режија на Васил Христов и драматург Викторија Рангелова-Петровска, известија од националниот театар.

Претставата е во копродукција на МНТ и Вондерленд театар – Скопје. Играат актерите: Игор Ангелов, Сања Арсовска, Верица Недеска, Дениз Абдула, Владимир Петровиќ, Јасмина Василева, Јасмина Билаловиќ и Ања Митиќ.

Костимограф е Роза Трајческа-Ристовска, сценографското решение е на Васил Христов. Премиерата е предвидена за почетокот на јуни 2025 година.

Според режисерот Христов, претстои интензивен и динамичен процес, во кој преку драмскиот материјал што се обработува се отвораат повеќе горливи прашања за нашето современо општество. Поигрувањето со драмската форма, драмската структура и специфичниот наратив, каректеристични за авторката Алис Бирч, ќе се применува и во адаптацијата на драмскиот материјал, велат од МНТ.

Поврзани вести