Skip to main content

На СДСМ сега им текна на Предлог-закон за помош на семејствата на загинатите и повредените од Кочани, но и на оние од Ласкарци, Тетово, „Беса-транс“

СДСМ

Додека беа на власт СДСМ молчеа, го обвинуваа продолжниот кабел, а сега им текна на закон за помош на семејствата на загинатите и повредените од автобуската несреќа кај Ласкарци, ужасната несреќа во Бугарија со автобус на Беса Транс, како и да оние кои настрадаа во пожарот во модуларната болница во Тетово. Тогаш, лидерот на партијата, Венко Филипче, како министер за нздравство, мува не го лазеше за пожарот во болница, а сега му текна да смислува закони.

Тој денеска најави дека СДСМ денеска во Собранието ќе поднесе Предлог-закон за помош на семејствата на загинатите и повредените од пожарот во Кочани. Филипче смета дека изготвиле добро законско решение и ги повика пратениците од владејачкото мнозинство да го поддржат или да се вклучат во негово модифицирање ако имаат предлози, нагласувајќи дека целта не е да се политизира трагедијата.

-Изработивме предлог-закон кој навистина мислам дека е добар. Има финансиска надокнада за семејствата коишто изгубија членови, има финансиска надокнада за сите тие кои имаат трошоци за лекување, има некои поволности за децата кои сега губат настава во училиштата, нешто од аспект на социјалата, така што мислам дека е добро и квалитетно решение. Ќе го поднесеме во редовна собраниска процедура со цел да има простор да се вклучат повеќе чинители, да дадат коментари. Во еден дел се осврнуваме и на семејствата од претходните трагедии – Ласкарци, Тетово, „Беса-транс“, изјави Филипче по отворањето нова градинка во населба Пролет во општина Центар.

Поврзани вести