Skip to main content

Сиљановска Давкова: Да беа уставните измени фактор на европеизација, ние ќе претседававме денеска со ЕУ, но тоа не е така

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова смета дека не само ние самите, туку целиот Западен Балкан не сме воопшто проблем за апсорпциониот капацитетот на ЕУ и дека ако некој сака, може да најде решение, нагласувајќи дека ние сме географски, историски и културно отсекогаш таму. Замислете, вели Сиљановска Давкова, „не е закана за апсорпциониот капацитет на ЕУ Укарина, Моладавија, ние сме закана“, посочувајќи дека нема проблем и тие да влезат во ЕУ, но оти смета „дека има овде и принципци и вредности“.

Во однос на изјавата на еврокомесраката за проширување Марта Кос, дека „Македонија е тажна приказна“, Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, во гостувањето на МРТ, вели дека според неа еврокомесарката не го кажува тоа цинично, нагласувајќи дека тажна е приказната на европската демократија.

Ако имате 17 извештаи во кои што Европскиот парламент и Европската комисија велат „препорачуваме почеток на преговори“, а Советот вели не. По 17 пати кога тоа ќе го повторувате и одеднаш сега велите „стоиме зад тоа доколку се смени Уставот“, тоа веќе зборува за кредибилитетот и интегритетот, не на ова што го нарекувате „тажна приказна“, туку тажна е приказната на европската демократија од овој аспект, бидејќи ако нема во политичкиот систем некаков баланс меѓу парламентот, комисијата и советот, а Советот го има последниот збор, зборуваме за демократски дефицит, посочи Сиљановска Давкова.

Прашана за евроинтегративниот пат на земјава и дали не сме доволно убедливи за уставни измени со одложено дејство или ЕУ е прицнипиелна во барањето да се заврши тоа што државата веќе го презела, Сиљановска Давкова, во гостувањето на МРТ, рече дека има од се по малку, нагласувајќи дека „да беа уставните измени фактор на европеизација, ние ќе претседававме денеска со ЕУ, но тоа не е така“.

ЕУ е пред се практична, прагматична, таа сака во нејзино време да се завршат некои работи, но тоа го прави без емоции. Прво, ние сме во Прокурстова постела, тоа е нешто што сме го наследиле. Видете, треба многу време и многу аргументи за да им ги објасните состјобите и причините. Верувале или не, не ги знаеа… или некој не им ги објаснил… Од средбите со претседатели, амбасадори и т.н. ми се чини кога ќе објасните за што се работи и што всушност се бара од нас, не им е многу пријатно на сите, или на повеќето, но тие велат, видете, вие тоа го прифативте. Не е добро да кажам за некој што правел или кажувал, но, не е пријатно да чуете, дека некои од овие со најдобра намера им укажувале на оние што одлучувале добро да размислат пред да го прифатат Францускиот предлог, вели Претседателката Гордана Сиљановска Давкова.

Втора работа, посочи Сиљановска Давкоа, во креирањето на надворешната политика главното место го има Собранието, дека Претседателот и Министерот за надворешни работи учествуваат, ама повеќе како извршители.

Јас имам дилема, дали ни се случило неповикано вршење на туѓи работи, односно дали некој можел да прифати нешто како протокол, прво да ги потпише, а потоа да смета дека не е проблем тоа да влезе во преговарачка рамка… Во Договорот за пријателство и добрососедство нема член што вели дека ние треба да посегнме по уставни одредби, туку замислете ние треба да посегнеме по уставни одредби врз основа на став или запсиник, односно врз основана протоколи потпишани од двајца, наш и од бугарска страна, министри за надворешн работи. Како може протокол да биде извор на уставно право, изјави Сиљановска Давкова.

Сиљановска Давкова, меѓу другото, се освра и на „пакта сунт серванда“ и членот 7, став 1 од Преспанскиот договор.

Дали во член 7, став 1 од Препсанскиот договор пишува „за втората страна, значи територија – копно, вода, небо“. Потоа пишува народ со своја историја, култура и јазик… за што ние разговараме со Бугарија? Значи, тој што е првиот потписник, требал и во Советот на ЕУ и на Бугарија да и каже дека прашањето за историја, култура и јазик е апсолвирано. За тоа не може веќе да се разговара, изјави Сиљановска Давкова.

Прашана дали според неа, сега државата се чувствува погорда од претходно, претседателката Сиљановска Давкова, рече дека иако една година не може да направи преголема трансформација, според анкетите луѓето сега „како да се чувствуваат почитвуани, иако имаме проблеми што постојат“.

Според Сиљновска Давкова, горда е онаа држава што се сака, што се почитува и тоа треба да го имаат на ум сите што ја претставуваат држават, бидејќи, како што рече „ќе ве почитуваат, само ако го заслужувате тоа“.

Горда е онаа држава што го прави она што го прават сите други држави. Мали, големи или средни не е важно. Онаа што ги цени, односно почтува вредностите без кои не може да опстојува. Си ја почитува историјата, си го почитува историските личности, си ги почитува и слави државните симболи, ги почитува и слави најголемите уметници, ги почутува и ги слави најголемите творци … значи сите ние мора да знаеме дека не случајно настанале државите, па и оваа, иако мала. Некој се изборил за неа. Тие некои други што го наследиле тоа богатство треба да ја претставуваат, да ја негуваат, да се грижат за неа, како оние кои се бореле за да го имаме ние ова, изјави Сиљановска Давкова.

Поврзани вести