Skip to main content

Голема акција во РЕК Битола: Уапсени 29 лица, се претресува и одзема документација


Голема полициска акција поврзана со тендери спроведувани од РЕК Битола се спроведува во Македонија. Претреси, одземање на документација, распити се само дел од дејствијата, кои неофицијално, ќе се преземат во текот на денешниот ден, а започнале од рано утринава.

Министерството за внатрешни работи претпладнево потврди дека во тек е полициска акција во координација со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Во тек е полициска акција во координација со ОЈО ГОКК. По завршувањето на истата соодветно ќе ја известиме јавноста, соопштуваат од МВР.

Скандалите за кои досега се зборуваше беа за злоупотреби на службена положба, финансиски манипулации, и пренасочување на средства кон блиски компании, што ја компанијата но и државата оштетување со милионски цифри

Според неофицијалните информации десетина лица се уапсени во денешната акција на МВР, поврзана со работењето на РЕК Битола, ТЕЦ Осломеј и во ТЕЦ Неготино.

Според дел од медиумите истрагата опфаќа 25 субјекти, од кои 23 се физички лица, а две се правни лица. Акцијата се спроведува во неколку градови, вклучувајќи Битола, Велес, Кичево и Скопје. Меѓу уапсените, според медиумските објави е и поранешниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски.

Поврзани вести