
Премиерот Христијан Мицкоски упати апел до првиот човек на ДУИ, Али Ахмети да не живее во минатото и да гледа кон иднината, коментирајќи ги најавите на Ахмети дека ДУИ би можела да излезе на улица и да протестира.
Мицкоски го советуваше Ахмети најпрво да ги види милионерите кое се околу него а се збогатиле на грбот на граѓаните, а потоа да се обиде да ја реконструира својата партија наместо да се заканува.
За жал, господинот Ахмети изгледа се уште живее во минатото, затоа што ако живее во сегашноста ќе може да направи огромна материјална разлика помеѓу минатото и луѓето од минатото и сегашноста во којашто тој е во опозиција, а околу него има многу милионери коишто на грбот на граѓаните на Македонија се збогатија. И тоа е основната причина зошто тој е во опозиција. И мислам дека ако е мудар, како што се претставува ќе извлече поука и наместо да се заканува, ќе направи структурни реформи и програмски и кадровски во неговата партија. И со нови ликови, со нова програма, ќе излезе пред македонските граѓани да ја бара довербата, рече Мицкоски.