
Во понеделник на 05.05.2025 (19:00 часот) во Ново Село ќе се одржи фестивалот “Смотра”, фестивал наменет за млади талентирани пејачи.
Фестивалот има долга традиција од неколку децении но за жал, последната организација на фестивалот се случува во 2013та година. Оваа година на иницијатива на градоначалникот на општина Ново Село, фестивалот повторно и се враќа на својата публика.
На фестивалот ќе настапат млади пејачи од неколку градови на Македонија, а на истиот ќе се изведуваат песни на 4 различни јазици. Младите пејачи ќе бидат придружувани од познатите Легато Бенд од Струмица а, уметнички директор на фестивалот е добро познатиот на македонската и балканската публика, Трајче Ѓоргиев. Во жири комисија ќе бидат познатите македонски артисти, Андријана Јаневска, Спасен Сиљановски и Александра Јанева.
Наградниот фонд на фестивалот за победникот изнесува 50.000ден, 30.000ден добива второ пласираниот кандидат, а трето пласираниот ќе добие 15.000ден.