Skip to main content

Израелскиот премиер Нетанјаху ја одложи посетата на Азербејџан

Facebook/Benjamin Netanyahu
Facebook/Benjamin Netanyahu

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја одложи посетата на Азербејџан планирана за идната недела, делумно поради најновите случувања во Појасот Газа и Сирија, пренесоа агенциите, повикувајќи се на Кабинетот на Нетанјаху. 

Од Кабинетот, исто така, го истакнаа и неговиот „зафатен дипломатски и безбедносен распоред“, додавајќи дека посетата ќе биде презакажана за подоцнежен датум, без да прецизира датум. 

Нетанјаху требаше да го посети Азербејџан од 7 до 11 мај и да се сретне со претседателот Илхам Алиев. 

Израел и Азербејџан имаат блиски врски во областа на безбедноста и енергетиката. 

Поврзани вести