Skip to main content

Миленкоски го објави списокот на повикани одбојкари за претстојните натпревари

Селекторот на македонската одбојкарска репрезентација, Јошко Миленкоски одлучи 22 одбојкари да се најдат на поширокиот список за настапот во Златната Европска лига 2025 и квалификациските дуели со Грција и Грузија за пласман на Европското првенство 2026.

Миленкоски се потпира на добро проверени сили, репрезентативци кои и во минатото беа базата на селекцијата, а истовремено направи и мало освежување на списокот. 

Седуммина интернационалци браќата Ѓоргиеви, Костиќ, Ефремов, Илиев, Љафтов и Савовски ќе го предводат тимот заедно со колегите од Струмица и Штип УГД, кои се борат за шампионската титула во домашното првенство, а повик добија и двајца одбојкари на Работнички 71&22.

 За првпат во А селекцијата шанса добиваат Филип Станков и либерото Петар Џерков.

Првиот собир репрезентацијата ќе го има на 15 мај во хотелот „Горан Пандев“ во Струмица. 

Поврзани вести