Skip to main content

Лина Ѓорческа доживеа елиминација во осминафиналето на турнирот во Грузија

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа одигра нов тежок и тесен меч со Анастасија Тихонова, но за жал го претрпе и третиот пораз во четвртата пресметка со Русинката.

Лина правеше пресврт во првиот сет и успеа да го добие истиот во тајбрејкот, но потоа еден брејк во вториот беше доволен за израмнување на 1:1 (6:4).

Тихонова прва направи брејк и во одлучувачкиот трет сет, Лина возврати и израмни на 3:3, но немаше доволно сили за нов пресврт како во првиот сет.

На крајот пресуден се покажа загубениот сервис гејм при резултат 4:4, по што Русинката доби шанса да сервира за меч и да победи со 6:7, 6:4 и 6:4.

Поврзани вести