Skip to main content

ВМРО-ДПМНЕ останува посветено на нови економски политики и подобрување на стандардот, работниците се темелот за иднината на Македонија

ВМРО-ДПМНЕ им го честита Меѓународниот ден на трудот на сите граѓани.

Овој ден е симбол на борбата за работничките права.

ВМРО-ДПМНЕ останува посветено на создавање нови економски политики кои ќе овозможат отворање на нови работни места, подобрување на стандардот и креирање општество во кое секој граѓанин ќе има можност за напредок и просперитет.

Нека овој ден биде поттик за сите, за продолжување на заложбите кон градење посилна поправедна и поуспешна Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ го оддава заслуженото признание на сите работници. Нивната посветеност труд и истрајност се темелот врз кој се гради иднината на Македонија.

Честит празник!, се вели во соопштението на партијата.

Поврзани вести