Skip to main content

Пикник-концерт на Данците „Ефтеркланг“ на први мај во „Паблик рум“

Соренли Нгрд

Данскиот музички состав „Ефтеркланг“ ќе одржи концерт на отворено во културниот центар „Паблик рум“ на први мај.
Настанот, кој е замислен како „пикник – концерт” ќе започне во 14 часот.

„Ефтеркланг“ е дански бенд составен од три пријатели од детство, Мадс Браусер, Каспер Клаусен и Расмус Столберг. На 27 септември 2024 година го објавија нивниот 7 студиски албум насловен како “Things We Have In Common” со што ја започнаа својата светска турнеја.

Документарниот филм, “Efterklang: The Makedonium Band” во режија на Андреас Јонсен во кој свое продуцентско учество зазема и јавната културна установа МКЦ, беше премиерно прикажан во рамки на фестивалот “CPH:DOX” во Копенгахен, додека домашната премиера се реализираше во рамките на минатогодишниот филмски фестивал Синедејс.

Билетите за концертот на 1 мај се ограничени и може да се набават на веб страната bileti.drugastrana.mk.

Поврзани вести