
Бранителите на обвинетите за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски сметаат дека е непходно реконтрукција на двете убиства или пак целата постапка да се врати во фаза на истрага.

Бојан Манев, бранител на Боре Видески вели дека реконструкција е неминовна или пак предметот да се врати во фаза на истрага бидејќи во спротивно ќе останат многу работи нерасчистени и пресудата, каква и да биде е осудена на пропаст.
Потребата за реконтрукција произлегува од самата постапка.Постојат најмалку десетина празнини кои ја налагаат потребата.Најголем проблем е оружјето, снимките од безнсиската станица во Велес и во менувачницата во Скопје, неколкуте лица кои се појавуваат во исказите а не се ислушани. Исто така во ниту еден исказ на обвинетите не произлезе поврзаноста со таткото, најави Манев.
На сличен став е и адвокатот на Палевски, Јовица Страшевски. Според него, нејасно е зошто денеска обвинителките наместо да ги нападнат обвинетите со докази тие само читале наслови.

За луѓе кои ги теретиш за убиства им поставуваа прашања како да им помогаш, посочува Страшевски.
Според него истрагата има многу пропусти а малку докази. Затоа е најдобро да се направи реконтрукција.Од начинот на кој е пронајдено телото, па начинот на кој се копало без да се викнат овластени лица односно форензика и крим техника. Чудно е ние како обвинети да бараме вештачење на чаурата која е вештачена само од кој калибар е и кое оружје може да се искупка, рече Страшевски.