
Селекцијата на ветерани на Македонија вчера триумфираше со 2-3 на ревијалниот меч што се одигра во Варна против ветераните на Бугарија, хуманитарен натпревар од кој сите приходи се наменети за семејствата на жртвите во големата трагедија во Кочани.

Бугарските ветерани предводени од легендарниот Христо Стоичков ја покренаа иницијативата што беше прифатена од страна на македонските фудбалери, кои на овој натпревар беа предводени од Горан Пандев.
