
Фудбалерите на Кристал Палас се првите финалисти на овосезонското издание на најстарото фудбалско натпреварување во светот, англискиот ФА Куп, откако вечерва во полуфиналето на Вембли триумфираа над Астон Вила со 3-0 (1-0).
Еберечи Езе го донесе тимот од јужен Лондон во водство во 31 минута, водството го зголеми Исмаил Сар (58), а истиот играч во судиското продолжение го постави конечниот резултат.
За Кристал Палас ова е трето финале во ФА Купот во клупската историја.
Вториот финалист ќе биде познат по утрешниот полуфинален дуел меѓу Манчестер Сити и Нотингем Форест.