Skip to main content

Варди разочаран, Лестер пак испадна од Премиер лигата

Фудбалерот на Лестер сити, Џејми Варди се огласи по губењето на шансите за опстанок во англиската Премиер лига.

– Во овој момент, дури и не знам што да кажам. Немам зборови да ги изразам чувствата на гнев и тага за тоа како помина оваа сезона. Нема оправдувања. Сите заедно, и играчите и клубот, не успеавме. Едноставно е невозможно да се сокрие ова. Бидејќи бевме во овој клуб толку долго, имавме толку многу подеми и падови, но оваа сезона беше целосна болка и катастрофа за мене. Знам дека и вие го чувствувате тоа. Жал ми е што на вака ја завршуваме сезоната 2024/25, објави Варди.

Лестер се наоѓа на претпоследното, 19. место на табелата во англиското првенство со 18 бодови. Тимот ги загуби и теоретските шанси да остане во Премиер лигата.

Оваа сезона, 38-годишниот Варди забележа 32 настапи во сите натпреварувања, постигнувајќи осум голови и три асистенции