Skip to main content

Вселенскиот патријарх Вартоломеј: Папата Франциск беше верен пријател и придружник на православието

ashwin-vaswani-on-unsplash
ashwin-vaswani-on-unsplash

 Во видео обраќање по повод смртта на папата Франциск, вселенскиот патријарх Вартоломеј го опиша како „верен пријател и сопатник“ на Вселенската патријаршија и на Православието, пишува грчкиот весник „Етнос“ во своето онлајн издание.

Вартоломеј потсетува на истовремената посета и средба на двајцата на Светите места во 2014 година и изрази жалење што не можеле заедно да ја прослават годишнината од Првиот вселенски собор во 325 година во Никеја (денешен Изник ​​во Турција) и да разговараат за „патот до заедничкиот потир“, т.е. зближувањето меѓу источно православниот и римокатоличкиот клон на христијанството.

Посетата на папата Франциск на Турција за прослава на годишнината од Соборот во Никеја се очекуваше во мај.

Како што потсетува грчкиот портал „Трибјун“, Франциск и Вартоломеј имале пријателски и конструктивни односи. Вартоломеј присуствуваше на папското устоличување во 2013 година, со што стана првиот вселенски патријарх што го сторил тоа по Големиот раскол меѓу двете цркви во 1054 година.

Поглаварот на Римокатоличката црква почина денеска во Рим.

Поврзани вести