
Руските сили соопштија дека го освоиле претпоследното место под контрола на украинската војска во руската област Курск.
За време на офанзивните операции, единиците на Северната група на силите го ослободија селото Олешња во Курската област, објави Министерството за одбрана на Русија на Телеграм.
По заземањето на тоа погранично село, остана уште едно, Горнал, кој сè уште делумно е под контрола на Украина во областа Курск.
Украинските сили почнаа инвазија во рускиот пограничен регион во август 2024 година, заземајќи повеќе од 1.000 квадратни километри.