
Далас маверикс рано утрово на гостински терен го победи Сакраменто кингс во плејин мечот во НБА-лигата со 120:106.
Ниту 33-те поени на Демар Дерозан не ги спаси „Кралевите“ од пораз.
Во победничкиот тим најефикасен беше Ентони Дејвис со 27 поени.
Во второто коло од плеј-инот Далас ќе игра против Мемфис за пласман во плејофот.
Претходно ноќта среда кон четврток Мајами хит исто така на гостински терен го победи Чикаго булс со 109:90 и си закажа натпревар со Атланта за учество во плејофот