Skip to main content

„12“ на МНТ на Фестивалот „5РЕ“ освои две награди – за најдбра претстава во целина и за најдобра режија

Македонски народен театар

Претставата „12“работена по мотивите на Реџиналд Роуз (12 Angry Men), во адаптација и режија на Синиша Евтимов, а во продукција на Македонскиот народен театар (МНТ) на Фестивалот „5РЕ“ во Велес освои две награди – за најдбра претстава и за најдобра режија, соопштија од Националниот театар.

Одлуката на жири комисијата во состав Александар Георгиев, Александар Ивановски и Миле Вратеовски била едногласна.

Во претставата играат: Ѓорѓи Јолевски, Гораст Цветковски, Тони Михајловски, Никола Ристановски, Благој Веселинов, Александар Микиќ, Игор Џамбазов, Јордан Симонов, Нино Леви/Сенко Велинов, Оливер Митковски, Владо Јовановски и Сашко Коцев.

Поврзани вести